ноември 23, 2024

„Поради околности кои укажуваат дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и опасност да го повтори делото, јавниот обвинител до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор“, велат од Обвинителството
Затвореник во затворот „Идризово“ на 31 мај годинава тешко телесно повредил друг затвореник напаѓајќи го со тупаници и клоци. Од нанесените повреди, затвореникот починал на 22 јуни.

Ова попладнево го соопштија од Основното јавно обвинителство Скопје, од каде што посочија дека е донесена наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – тешка телесна повреда од член 131 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Постојат околности кои укажуваат дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и опасност да го повтори делото, па затоа јавниот обвинител до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предолг за определување мерка притвор“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK