Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска назначи нови директори на дел од јавните претпријатија под надлежност на Градот.
„Со новата реконструкција на позиции во градските претпријатија се назначени нови директори и тоа на ЈСП Драги Кушовски, ЈП Паркови и зеленило Мартин Ангеловски и на ЈП Улици и патишта Ванчо Умленски. Кушовски, Ангеловски и Умленски доаѓаат на позициите како професионалци од приватниот сектор, со поединечни портфолија секој повеќе од 15 години работно искуство на раководни позиции. Во следниот период ќе се посветат на отстранување и надминување на предизвиците со кои јавните претпријатија се соочуваат континуирано во изминатите децении, унапредување на работата на претпријатијата и реализација на програмските активности и проектите“ информираат од Град Скопје без да дадат детални образложенија зошто претходните директори се разрешени.
Арсовска која во октомври ќе исполни три години од мандатот досега во јавните претпријатија под надлежност на Град Скопје промени над 50 директори, а во некои јавни претпријатија за две и пол години се „изротираа“ дури и по пет директори.
За повеќето разрешувања и назначувања немаше објавено образложенија.
Досега единствено директорите од редовите на Левица (на Градската библиотека Браќа Миладоновци и на Културно информативниот центар) останаа непроменети од почетокот на мандатот на Арсовска па се до денес.
Следете не, не има насекаде