ноември 23, 2024

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Н.А. (41) од Ранковце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука“.

Пријавениот на 06.06.2024 не почитувајќи ја судската одлука – Решение на Основен суд Крива Паланка, со кое му биле изречени привремени мерки за заштита од родово базирано и семејно насилство во времетраење од три месеци, отишол во семејната куќа на неговата сопруга која живеела со нејзините деца, по што најпрвин вербално ги нападнал децата, а потоа со тврд предмет искршил делови од покуќнината.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK