ноември 23, 2024

На денешен ден во 1861 година во Загреб излегол од печат „Зборникот на народни песни“, епохално дело на браќата Димитар и Константин Миладинов, македонски преродбеници од XIX век.

Зборникот повеќе од еден век бил поетски учебник за идните генерации македонски писатели. Објавувањето на Зборникот го овозможил познатиот хрватски бискуп, Јосип Јурај Штросмајер.

Зборникот на Миладиновци е насловен како „Бѫлгарски народни песни“. Македонската наука за литература го избегнува терминот Б‘лгарски народни песни од причини што со едно интервентно вклучување на 76 бугарски народни песни од страна на менторот на изданието, бискупот Штросмајер, и бугарскиот преродбеник Васил Чолаков, наспроти бројката од шестотини македонски народни песни. Во овој Зборник на 538 страници се објавени вкупно 660 песни, од кои 584 македонски и 76 бугарски. Покрај тоа, во книгата се приклучени уште и свадбени обичаи од Струга и Кукуш, годишни обичаи од Струга, верувања, игри, преданија, народни имиња, пословици, гатанки и мал македонско-хрватски речник.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK