ноември 23, 2024

Ви недостасува само една работа во кревет која целосно ќе го промени вашиот сексуален живот…
Сексот е важен дел од секоја врска и важна алка во развивањето на чувствата на интимност помеѓу партнерите, претежно поради тоа што за време на сексот се излачува окситоцин, „љубовен хормон“, кој создава чувство на поврзаност со другата личност.
Меѓутоа, не е сè во сексот. Она што ви е потребно и што ќе го промени вашиот сексуален живот се: блискоста, физичката интимност со партнерот, но интимноста која не подразбира секс.
Едно ново истражување кое го спровел институтот „Кинси“ покажало дека 87 отсто од мажите и жените сметаат дека допирите се исклучително важни за интимноста, но една третина од нив вели дека немаат доволно допири во својата врска.
Тоа значи дека би требало повеќе внимание да им посветите на допирите.
Експертите објаснуваат дека сексот секако создава чувство на интимност, поврзаност помеѓу две личности, но сексот е многу подобар ако пред односот постои блискост.

Ако сакате да го послушате овој совет, еве неколку работи кои можете да ги направите за да ја негувате блискоста со својот партнер.
Уживајте во масажа
Без оглед на тоа дали после тоа следува секс или не, физичкиот контакт, односно масажата е најдобар начин за да почувствувате блискост со партнерот. Ако во главата веќе имате изговор – не знаете да масирате – заборавете на тоа. Акцентот тука е на допирите, така што вашиот партнер сигурно од вас не очекува да бидете професионален масер
Милувајте се
На сите нас ни се допаѓа допирот од личноста која нè привлекува, која ја сакаме. Затоа, исклучете ги телефоните, оддалечете се од сè она што евентуално би можело да ви пречи и приоритет нека ви бидат нежните допири. Ќе се изненадите од тоа колку ќе се почувствувате подобро само по десетина минути, бидејќи на овој начин се намалува нивото на стрес, а сигурно ќе се почувствувате и поблиски со партнерот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK