декември 3, 2024

Предвремените парламентарни избори би можеле да се одржат на 26 март, 2 април или 9 април, а листата на партиски кандидати ќе биде дефинирана до крајот на овој месец.

Грчката Влада можно е да распише предвремени парламентарни избори кон крајот на март или почетокот на април, објавија локалните медиуми.

Премиерот Киријакос Мицотакис на состанокот одржан неодамна му кажал на Димитрис Куцумпас, лидерот на Комунистичката партија на Грција, дека можно е да се одржат избори една недела пред или по првата недела од април, јави грчката национална телевизија ЕРТ.

Се додава дека според тоа, изборите би можеле да се одржат на 26 март, 2 април или 9 април.

Телевизијата истакна дека Владата сака да донесе најмалку 30 важни закони пред да ги распише изборите и да подготви мерки кои директно ќе влијаат на социјалните и економските услови на граѓаните, вклучително и големото зголемување на минималната плата.

Се додава дека листата на партиски кандидати ќе биде дефинирана до крајот на овој месец.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK