ноември 23, 2024

Синдикатот на полиција во Македонија денеска до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против лицата О.С., во момент на сторување на кривичното дело министер за внатрешни работи, и Д.Ч. во моментов актуелна претседателка на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, заради основано сомнение за сторени две кривични дела – „повреда на право од работен однос“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.

По претходно спроведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на работник во МВР за полесна повреда на кршење на работна дисциплина првопријавениот во својство на министер изготвил решение што во ниту еден случај не смеел да го изготви, а после тоа изготвил и решение со кое на работникот В.Р. и врачил отказ, изјави Орце Коцевски, претседател на Синдикатот на полиција во Македонија, на денешната прес-конференција пред ОЈО Скопје.

10 знаци дека сте го пронашле совршениот партнер

Вистинскиот или вистинската. Овие два навидум обични зборови понекогаш знаат да имаат толку голема моќ. Да се биде со вистинската личност значи дека […]

Зошто не можам да доживеам оргазам?

Истражувања покажуваат дека околу 12% од жените никогаш не доживеале оргазам, а тој изостанува во дури 75% од сексуалните односи. Дали се работи […]

Ова ќе го промени вашиот сексуален живот!

Ви недостасува само една работа во кревет која целосно ќе го промени вашиот сексуален живот… Сексот е важен дел од секоја врска и […]

Русија забрани 81 европски медиум

Министерството за надворешни работи на Русија објави дека ќе забрани голем број медиуми од Европската унија, како одговор на забраната за руските медиуми […]

Таткото незадоволен од успехот на ќерката и се заканувал на професорката

Во Основното училиште „Драгиша Мишовиќ“ дошло до инцидент кога, според соопштението добиено од оваа образовна институција, родителот на еден од учениците незадоволен од […]

Второпријавената, пак, како што кажа, во својство на претседателка на Комисијата, решавајќи по приговор изготвила решение со кое приговорот по незаконското решение го одбила како неосновано.

Бараме ОЈО Скопје да ја земе во предвид оваа и сите наши претходни пријави, сериозно да ги разгледаат и веќе конечно да поведат постапка против наведените лица, односно да дадат обвинителен предлог и да почне да се спроведува правдата во Македонија, рече Коцевски.

Нагласи дека како синдикат во јавноста веќе две-три години зборуваат дека во последните неколку години во времето на владеење на поранешниот министер за внатрешни работи незаконски се издадени преку 25 илјади решенија.

Станува збор за преку 25 илјади решенија за распоредување од чие изготвување според официјалната пресметката е сторена штета на буџетот на МВР од преку 25 милиони евра. Се надевам дека ОЈО ќе има сериозна работа пред себе, сериозен предизвик и дека сета оваа работа вклучително и денешнава ќе излезе пред јавноста за многу брзо време, посочи Коцевски.

Од почетокот на годината синдикатот има поднесено повеќе кривични пријави против поранешниот министер, кој функцијата ја извршуваше долги години.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK