Министерството за надворешни работи на Русија објави дека ќе забрани голем број медиуми од Европската унија, како одговор на забраната за руските медиуми во Европа.
Во мај, Европската унија објави дека ја суспендира работата на четири „пропагандни мрежи поврзани со Кремљ“, лишувајќи ги од правото да емитуваат и дистрибуираат на нејзина територија.
10 знаци дека сте го пронашле совршениот партнер
Зошто не можам да доживеам оргазам?
Ова ќе го промени вашиот сексуален живот!
Русија забрани 81 европски медиум
Таткото незадоволен од успехот на ќерката и се заканувал на професорката
Забраната се однесуваше на Гласот на Европа, новинската агенција РИА и весниците Известија и Росијскаја Газета.
Руското Министерство за надворешни работи денеска возврати, објавувајќи список од 81 медиумска куќа од 25 членки на Европската унија, чија работа и емитување сега ќе бидат забранети во Русија.
„Руската Федерација постојано предупредуваше на различни нивоа дека политички мотивираното вознемирување на руските новинари и неоправданата забрана на руските медиуми во ЕУ нема да останат без одговор“, се вели во соопштението на Министерството.
„И покрај тоа, Брисел и главните градови на земјите-членки се одлучија на патот на ескалација, принудувајќи ја Москва да усвои реципрочни и пропорционални контрамерки“, се додава во соопштението.
Министерството ги обвинува западните медиуми дека „систематски шират неточни информации“ за руската „специјална воена операција“ во Украина.
Меѓу забранетите медиуми се француската новинска агенција Франс прес, австриската телевизија ОРФ, ирската телевизија РТЕ и шпанската новинска агенција ЕФЕ и паневропската Политико.
Следете не, не има насекаде