ноември 23, 2024

Најмалку 70 лица се повредени кога девет вагони на патнички воз излетале од шините во Република Коми во северна Русија Руските медиуми јавија дека според последните информации нема жртви во оваа тешка железничка несреќа.Патничкиот воз број 511 патувал меѓу Воркут, град на северот на Русија и Новоросијск на брегот на Црното Море. Несреќата се случила недалеку од градот Инта, соопштија претставници на Руската железница.„Итната помош се на терен. Преземени се сите неопходни мерки за помош на повредените. Сообраќајот на пругата е прекинат“, соопштија надлежните.
#BREAKING #Russia A passenger train derailed in Russia’s Komi Republic, injuring several people. Preliminary reports suggest the railway embankment was washed away by water. pic.twitter.com/5OwZ1WNMYA— The National Independent (@NationalIndNews) June 26, 2024
Руските медиуми објавија и дека обвинителството покренало истрага за причините за инцидентот. Возот имал 14 вагони со вкупно 232 патници.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK