октомври 5, 2024

Биџина Иванишвили поранешниот премиер на Грузија, вети дека ќе и даде 30 милиони лари (близу 10 милиони евра) на фудбалската репрезентација доколку ја победат Шпанија по антологискиот пласман во осминафиналето на ЕП.

Грузиската репрезентација предводена од поранешниот француски репрезентативец Вили Сањол ја совлада Португалија со 2:0 и се пласираше во осминафиналето каде ќе се сретне со Шпанија.

Биџина е основач на владејачката политичка партија Грузиски сон и поранешен премиер на земјата од октомври 2012 до ноември 2013 година.

За него победата против Португалија е „историски триумф од соништата“.

Грузија, која првпат настапува на ЕП  в недела од 21.00 часот во Келн игра против Шпанија.

The post Иванишвили ќе ги „части“ Грузијците appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK