ноември 22, 2024

Попладнево ново страшно невреме го зафати Скопје и околината. Олуен ветер, силен дожд, грмежи и град за кратко време го поплавија главниот град.

Вода по улиците има речиси во сите населби, но особено е погодена скопската населба Радишани каде што буквално реки течат по улиците и се вливаат во најблиската река.

Еве каква е моменталната ситуација таму:

С

Ситуацијата е слична и во скопски Чаир каде дождот се уште паѓа, а улиците се преплавени со вода. Се советува граѓаните да ги проветат гаражите и подрумските простории.

Нестабилна воздушна маса од запад и северозапад е навлезена во Скопската котлина, а во моментов подрачјето на Тетово е зафатено од интензивен пороен дожд и грмежи. Правецот на движење на нестабилната маса е кон исток и североисток. Поголема нестабилност има во источниот дел на Пелагонија и делови од Мариово. Правецот на движење е кон североисток, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека денеска времето ќе биде променливо облачно, уште од претпладневните часови нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, над 30 литри на метар квадратен, грмежи, силен ветер, кој ќе достигне и над 60 километри на час и град.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK