Драмски театар е под вода! Наместо актери, главната улога ја имаат кофите!
-Денес бев во Драмски театар на увид на штетите предизвикани од поплавите од дождот.
Ако во 2017 година Владата на СДСМ го реализираше проектот за изградба на нов современ објект на Драмски како што претходно се планираше, денеска немаше да бидеме сведоци на овој потоп.
Седум годишната негрижа за Драмскиот театар не само што стана видлива, туку денеска дождот го онеспособи да биде храм на уметноста. На сцената главната улога од денеска наместо актерите ја имаат кофите.
Оваа Влада нема да дозволи да продолжи понижувањето на уметниците и целосно ќе се вложи на создавањето на достоинствени услови за креативна работа на уметниците, пишува министерот за култура и туризам Зоран Љутков на Фејсбук.
Видеото погледнете гоTука
Следете не, не има насекаде