ноември 22, 2024

Денеска е 15 јуни (по стар стил) и се слави Светиот пророк Амос.

Роден во селото Текуја, во близина на Витлеем. Прост според потеклото и животот, Амос беше свињар кај јерусалимските богаташи.

Но, Бог Којшто не гледа кој е кој по надворешност, туку по чистотата на срцето, и Кој и Мојсеј и Давид ги зеде од кај овците и ги постави за водачи на народот, го избра овој Амос за Свој пророк.

Тој го изобличуваше царот Озија и неговите жреци за идолопоклонство и го одвраќаше народот од поклонувањето пред златните телиња во Ветил, учејќи го да Му се поклонува на Единиот и Живиот Бог.

Кога беше гонет од главниот жрец Амасија, тој прорече дека Асирците ќе го покорат Израилот, дека ќе ги избијат со меч и царот и синовите на Амасија и дека жената негова пред негови очи ќе ја оскверант со блуд асирските војници, зашто и Амасија го заведе народот да блудничи со идолите.

Сево ова потоа и стана. Еден од синовите на жрецот го удри пророкот со стап по челото толку силно, што тој падна. Едвај жив беше однесен во неговото село Текуја, каде што ја испушти светата душа.

Живееше во 8 век пред Христа.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK