ноември 22, 2024

Фудбалерите на Панама во второто коло од групата Ц го победија домаќинот на Копа Америка, САД со резултат 2:1, додека Уругвај убедливо со 5:0 ја победи Боливија.

Домаќинот на Копа Америка, Соединетите Американски Држави се наоѓа пред елиминација од турнирот по поразот од Панама со 1:2, бидејќи во последното коло ќе мора убедливо да го совлада Уругвај или само да освои три бода.

Тимоти Веа беше исклучен во 18. минута, но Американците поведоа и со играч помалку во 22. минута, со вториот гол на турнирот на Фоларин Балогун Цезар Родолфо Блекман израмни во 26. минута, а замената Хозе Фахардо Нелсон и донесе победа на Панама со гол во 86. минута. И Панама мечот го заврши со десетмина, бидејќи во 88. минута беше исклучен Адалберто Караскиља.

The post Фудбалерите на Панама ги победија Американците, Уругвајците ги декласираа Боливијците appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK