Србија синоќа ја крена на нозе веста дека девојче (3) исчезнало за време на нејзиниот одмор во Грција. Ја пронашол Сашко Радуловиќ, Македонец од Скопје и ја споделил веста на Фејсбук.
„Најдовме 3-годишно девојче изгубено во Неа Флогита кај Филатеки, ве молиме да не известите дали некој ги знае родителите“, напиша Сашко во групата Грција инфо, а заедно со објавата објави и слика од девојчето.
Објавата беше споделена повеќе од 3.000 пати, беа оставени повеќе од 1800 коментари, а контактирани се безброј луѓе, се со надеж дека девојчето ќе биде вратено кај родителите што е можно поскоро. Сашко повикал полиција, која дошла повеќе од еден час по објавата и го однела девојчето во полициската станица во Неа Мудања.
За тоа време Србија ги бараше родителите на исчезнатото девојче, а додека многумина зборуваа само за неа, Стефан и Валентина Спасиќ ги пронашле родителите на девојчето и ги однеле во полициска станица во соседниот град да си го земат детето.
„Девојчето е добро, полицијата ја привела и ја однела во станицата Неа Мудања за да се увери дека е безбедно. Разбирливо беше вознемирена, но сето тоа на крајот се исплатеше. Родителите живеат во еден од нашите станови што го изнајмуваме, па беше лесно да се дојде до нив штом го видовме и препознавме девојчето на социјалните мрежи“, изјави Стефан Спасиќ во моментот кога девојчето и нејзините родители беа вратени во апартманот.
Стефан откри и дека родителите се малку во шок, но се добро.
„Тие беа во шок да бидам искрен, но сега се добро штом дознаа дека пред се девојчето е добро и на безбедно место“, изјави Стефан.
Девојчето било пронајдено околу 23 часот.
The post Македонец пронајде девојче од Србија кое се загуби во Грција, неговиот апел повеќе од 3.000 пати беше споделен на мрежите appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде