Тилда Свинтон го живее својот живот на свој начин, а не се прилагодува на нормите и правилата, па затоа бројни детали од нејзината приватност често беа главна тема на светските медиуми.
Познатата актерка често ја заинтригира јавноста со своите потези, а особено внимание привлекува нејзиниот љубовен живот.
Имено, Тилда Свинтон долги години живееше во Шкотска со својот избраник Џон Бирн, кој е 21 година постар од неа и со него има близнаци.
Ова би изгледало како стандардна љубовна приказна, но со нив во куќата живеел и сликарот со германско потекло Сандро Коп, кој случајно е љубовник на актерката.
Сандро е дури 18 години помлад од актерката, а нивната врска не била тајна. За нивната врска знаел и партнерот на Тилда, кој ја одобрил оваа врска за децата да живеат заедно со двајцата родители.
„Сè уште го сакам Џон, но се заљубив и во Сандро, па ова беше единственото разумно решение. Тоа што сум со Сандро не значи дека треба да го завршам животот со таткото на моите деца. Сите сме едно семејство“, изјавила актерката во едно од интервјуата, пренесува „Блиц“.
The post Тилда Свинтон живеела во иста куќа заедно со сопругот и нејзиниот љубовник, а разликата во годините меѓу двајцата била над четири децении appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде