октомври 5, 2024

Јоце Панов, еден од нашите најпознати изведувачи, кој секој викенд ги полни клубовите низ нашата земја сними дует со Дарко Филиповиќ, кој се прослави во првата сезона на Ѕвездите на Гранд, кога освои четврто место во суперфиналето, а потоа за кратко време постигна голем успех.

Песната се вика “Lice u lice”. Музиката и текстот се на Блаже Темелков, аранжманот е на Алек Алексов. Песната се снимаше во студиото на Алексов во Белград.

Спотот на сите платформи има голем број прегледи и е сниман на неколку локации во соработка со Дејан Миличевиќ и можете да го погледнете ЈОЦЕ ПАНОВ и ДАРКО ФИЛИПОВИЌ – Лице у Лице.

Се работи за една борбена машка нумера, каде овие два гласа се борат за љубовта на атрактивна девојка, па таа сама треба да одлучи помеѓу еден од нив.

Само неколку часа по објавата на видео записот, реакциите на публиката се воодушевувачки.

 

The post Дуетската песна на Јоце Панов и Дарко Филиповиќ руши рекорди на гледаност appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK