ноември 22, 2024

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден евидентирало две пријави за силување на малолетни девојчиња. Станува збор за двајца татковци од Прилеп и Тетово кои ги силувале своите ќерки.

Како што информираат од МВР, едниот случај бил во прилепско село, каде полициски службеници го лишиле од слобода А.Р. (36), постапувајќи по претходна пријава од малолетничка од прилепско село, која во присуство на социјален работник и нејзината мајка пријавила дека во временскиот период од 2021 година до вчера, нејзиниот татко А.Р., неколку пати извршил обљуба врз неа и нејзината сестра.

Од МВР велат дека е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во Тетово, 31-годишна жена пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг Ш.И. (36) од Тетово во неговиот дом ја силувал нивната малолетна ќерка.

– На 28.06.2024 во 00:50 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.И. (36) од Тетово. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Дополнително, вчера во Штип, 42- годишна жена пријавила дека нејзината малолетна ќерка била полово вознемирувана од Б.А. од Штип.

И за овој случај од МВР велат дека е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK