ноември 22, 2024

Насловна / Македонија
Објавено на: June 28, 2024
(Видео) Изживување врз две мали кучиња кои се фрлаат во река
t

Од Анимал Лаверс – Струмица испратија видео каде се гледа грубо и нехумано, со цел изживување и нанесување на непотребна болка, доведувајќи ги до степен на агонија.

Од таму велат „две мали кученца се фрлат во река од наш сограѓанин, притоа снимајќи го чинот и го објавува на социјалните мрежи за гледаност“.

„Ова не е прв пат да бидеме сведоци на вакви видеа, на жалост, сметаме дека неработењето на надлежните институции, како и законски одредените ниски казни дополнително го стимулираат ваквото психопатско однесување и многу поединци посегнуваат по изживување врз животни како тренд за објави на социални мрежи.

Апелираме до Владата на Република С.Македонија веднаш да постапи со измени и дополнувања во законот за благосостојба на животните и зголемување на казните. Исто, апелираме до Агенцијата за Храна и Ветеринарство за поголем ангажман во работењето кон постапување при пријави за мачење на животни“, велат од Анимал Лаверс – Струмица во соопштението.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK