Повторно за денес се предвидува повремен пороен дожд и грмежи особено во источните делови од земјава. Според УХМР се очекува да дува умерен ветер од северен правец, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.
Во Скопје времето ќе биде како во изминатите денови. Ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе варира, минималната ќе биде 17 а максималната се очекува да достигне до 32 степена
За време на викендот и во понеделник времето ќе биде стабилно и потопло, а повторно дестабилизирање се очекува од вторник.