ноември 21, 2024

Британскиот принц Хари проговори за тагата со која се соочува по смртта на неговата мајка, принцезата Дијана, и ги покани младите поотвено да зборуваат за своите емоции, пренесува „Дејли мејл“.

 

 

 

 

„Многу е лесно, како дете, да мислиш или да се убедиш себеси дека личноста која си ја изгубил те сака. Или, пак, дека мора да бидете тажни што е можно подолго за да покажете дека ви недостига“, рече принцот Хари.

 

Тој додаде дека е многу важно да зборувате за тоа како се чувствувате и да зборувате за овие луѓе бидејќи тогаш го славите нивниот живот. Принцот Хари изјави дека немал поддршка од семејството по трагичната смрт на принцезата Дијана и верува дека тоа предизвикало емотивно затворање, поради што на крајот отишол на терапија.

 

„Никој не сака да биде во позиција каде што е принуден да зборува за она што не сака да го зборува, особено кога секој одбранбен механизам во вашиот ум и нервен систем и сè друго ви кажува да не одите таму“, вели принцот Хари во видеото, снимено во мај кога тој ја посети Велика Британија и разговараше со Ники Скот, основачката на организацијата „Малите војници на Скоти“.

 

Скот потоа го раскажала моментот кога морала да му каже на својот тогаш петгодишен син Каи дека неговиот татко, кој служел во вториот кралски тенковски полк, бил убиен во Авганистан во 2009 година. Покрај Каи, таа ја имала и седуммесечната ќерка Брук.

 

Тешкиот момент ја натера да основа добротворна организација за потребите на ужалените деца на војници во Велика Британија. Ова го воодушевило принцот Хари.

 

„Она што го правите е неверојатно, навистина е инспиративно. Почестен сум и привилегиран што сум дел од организацијата и навистина со нетрпение очекувам да направиме се што можеме за да донесеме повеќе луѓе, да создадеме поголем интерес, да собереме повеќе средства, за повеќе деца да ја добијат поддршката што им е толку потребна“, рече тој.

 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK