Претседателката на Танзанија, Самиа Сулуху Хасан денеска ја укина забраната за јавни политички собири во земјата, што беше во сила 6,5 години.
– Објавувам дека забраната за јавни политички собири е укината. Политичките партии имаат право на јавни собири, но сите ние треба да бидеме одговорни, изјави Хасан на средбата со претставниците на 19 регистрирани политички партии во Танзанија.
Таа побара од политичките партии, согласно законот, претходно да ги информираат надлежните органи за планираните собири.
– Безбедносните сили ќе одлучуваат за вашите барања, додаде првата жена претседател во историјата на Танзанија.
Забраната за јавни политички собири беше воведена од претходниот претседател на Танзанија, Џон Магуфули во 2016 година.
Следете не, не има насекаде