ноември 24, 2024

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, за време на неговото учество на Дубровник форумот, што се одржа на 28-ми и 29-ти јуни, во Дубровник, оствари одвоени средби со министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба и посебниот претставник на ЕУ за Западен Балкан и дијалогот Белград – Приштина Мирослав Лајчак.

Во фокусот на разговорите беше интегрирањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ, при што соговорниците констатираа дека продолжувањето на политиката на проширување на ЕУ ќе биде поттик за земјите од регионот, но и суштински интерес за земјите членки и Унијата како целина.

Воедно, стана збор и за променетиот геополитички контекст по руската воена агресија врз Украина, при што беше нагласена силната и непоколеблива поддршка за украинскиот народ се’ додека е потребно.

Беше констатирано дека земјите од регионот и Украина имаат заедничка иднина, а таа е членството во Европската иднина.

На средбите беа разменети мислења и за состојбите во земјава, целокупната регионална динамика, како и за актуелните прашања од надворешно – политички и безбедносен карактер.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK