ноември 23, 2024

Откако ги покачи нотарските тарифи за 10 пати, екс министерот за правда Кренар Лога вели дека новата власт има механизми и ако сака може да го укине тарифникот.

Новата Влада како што го укинуваше Преспанскиот договор, договорот за добрососедство со Бугарија, може слободно на следната седница на владата да го укине и новиот тарифник, вели Лога во коментар за Сител.

Новиот министер за правда пак Игор Филков во телефонски разговор вели дека за следните чекори на министерството ќе информира наредната недела.

Ако не се промени одлука, од 1ви септември граѓаните за нотарски услуги ќе плаќаат и до 10 пати повеќе.

Според новиот тарифник, без разлика дали предметот е во вредност од 500 денари или 50 илјади евра, за составување на нотарскиот акт граѓаните ќе плаќаат 8000 наместо досегашните 800 денари.

Составувањето на еднострани правни акти наместо 400 денари, ќе чини три пати повеќе или 1300 денари. Двојно поскапуваат и заверките на потпис и превод.

Екс министерот Лога потпис на новиот тарифник ставил уште во февруари, а Владата го потврди на седница на почетокот на јуни, односно по завршувањето на двојните избори. Иако тарифникот на 12 јуни е објавен во Службен весник, оваа одлука не стои во ниту едно владино соопштение од одржаните седници.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK