ноември 23, 2024

Извори од врвот на Демократската партија во Соединетите Американски Држави ја отфрлија можноста за замена на претседателот Џозеф Бајден како нивен кандидат по слабиот настап во неодамнешната телевизиска дебата и ги повикаа членовите на партијата да се фокусираат на последиците од вториот претседателски мандатот на противникот Доналд Трамп.

Претставниците на Демократската партија категорично ги отфрлија повиците нивната партија да избере помлад претседателски кандидат.

Џозеф Бајден (81) се дружел со членовите на семејството во претседателското одморалиште во Кемп Дејвид, а се претпоставува дека тема на разговор била неговата политичка иднина.

Анкетата на CBS објавена по дебатата покажа скок од 10 отсто во бројот на демократите кои веруваат дека Бајден не треба да се кандидира за претседател, кој е сега 46 отсто од 36 отсто во февруари.

„Тажна е вистината дека Бајден треба да се повлече од трката, за доброто на нацијата на која служеше толку посветено половина век“, напиша во неделната колумна Atlanta Journal Constitution. „Судбината на пензијата сега е неизбежна за претседателот Бајден“.

„Апсолутно не“, одговори демократскиот сенатор од Џорџија Рафаел Ворнок, еден од неколкуте демократи кои се сметаат за потенцијална замена за Бајден.

„Се случуваат лоши дебати“, рече Ворнок во емисијата „Meet the Press“ на NBC.

„Прашањето е: За кого некогаш се залагал Доналд Трамп освен себеси и луѓето како него? Јас сум со Џо Бајден и наша задача е да обезбедиме тој да ја помине целта во ноември“, истакна сенаторот.

Демократот во Претставничкиот дом Хаким Џефрис, кој би можел да стане претседател на Долниот дом на Конгресот следната година доколку неговата партија ја добие контролата над Домот во ноември, признава дека Бајден претрпел неуспех во неговата дебата со поранешниот претседател Трамп, републиканскиот кандидат.

„Верувам дека неуспехот не е ништо повеќе од подготовка за враќање“, изјави тој за MSNBC. „Значи, моментот во кој се наоѓаме сега е момент на враќање, и ќе нѐ однесе сите нас да се собереме, да артикулираме порака за тоа зошто демократската опција е најдобро опремена да се справи со предизвиците со кои се соочува американскиот народ“, додаде тој.

Друг врвен демократ во Домот, Џејмс Клајберн, се согласи.

„Тој треба да остане во оваа трка. Тој треба да ја покаже својата способност да ја води земјата во иднина“, изјави тој за Си-Ен-Ен.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK