јули 3, 2024

Веќе неколку недели во Индустриската зона Визбегово неколку жители и претприемачи протестираат против отворањето на Базата за производство на асфалт. Велат дека производството на асфалт е канцерогено и ќе им смета на нивните бизниси.

„Проблемот е како можат да дадат дозвола за градба за производство на асфалт кога тоа е канцерогено. Со закон треба да биде оддалечено со километри а не да биде во близина на хотели, каде компаниите имаат илјадници вработени. Таму е населба Визбегово, голема населба. Не знам како можел директорот на Агенцијата за екологија г.Исни Џемаили, да потпише таква дозвола“, вели Емин Гаџа.

„Јасно се гледа дека сакат да ни направат штета, овде се инвестирани милијарди. Што ќе правиме ние тука доколку се направи таа база, не, ова нема смисла“, порача Дурмиш Аземи.

„Направиле истражување, канцерогено е, пред се не ги исполнува условите, овде има околу 4 илјади квадратни метри. Кога ќе почнат со работа, сите комбиња ќе се паркираат пред нашите објекти“, вели Фатмир Емини.

„Транспорт со камиони, по 100 камиони асфалт. Дали можат да постават филтер за да не не заболат со канцер и овие другите. Тој првично нема услови за асфалтирање под 100 камиони не постојат“, вели Беќир Ќерими.

„Новиот министер за животна средина, Изет Меџити, пред неколку дена во Дејли Клик, на ТВ21 изјави дека вообичаено базите за производство на асфалт се наоѓат некаде на периферија каде нема ниту економија ниту населени места, а додаде дека доколку се наоѓат блиску до нив тие можно е да се канцерогени. Додаде дека ќе се погрижи оваа зона да биде еднаква со другите индустриски зони“, вели Драган Цветановски.

„Деновиве се зборува за една тема дека почнало да се гради база за асфалт која може да биде канцерогена, која поминала и останала како дар од претходната власт. Значи како министер за животна средина првото прашање за кое побарав објаснување кога имавме примо-предавање со министерката која беше досега, беше зошто треба да се даде дозвола за база за асфалт на сред индустриска зона“, вели Изет Меџити.

Инаку жителите велат дека нема да дозволат да почне со работа оваа База за производство на асфалт и дека ќе протстираат и пред другите институции кои дале дозвола за отворање.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK