јули 3, 2024

Уште од самиот старт на натпреварот беше јасно дека влогот е голем и дека притисокот ги „изеде“ и француската и белгиската репрезентација.

Се очекуваше внимателна игра, но никој не очекуваше само еден удар во рамката од голот.

Не видовме ништо интересно во првото полувреме, а можеби најинтересниот момент беше во 16. минута кога Караско падна во шеснаесетникот и побара пенал.

Франција имаше неколку шанси, но ниту со една не и се закани на Белгија. Во вториот дел ситуацијата беше слична, но играта беше подинамична и изедначена.

Турам и Мбапе имаа по еден удар кој малку ги загрижи Белгијците, но најдобрата шанса ја имаше Караско, кој во контранапад го проигра Кевин де Брујн, а Хернандез со лизгачки старт во шеснаесетникот ја исфрли топката.

Франција го реши во своја корист во 85. минута кога Коло Муани го погоди Вертонген во коленото и го постигна единствениот гол на натпреварот.

Французите со минимални 1:0 ја совладаа Белгија и се пласираа во четврт-финалето на Европското првенство.

Белгијците долго ќе го паметат овој пораз бидејќи не беа полоша екипа на овој меч, едноставно не ги искористија создадените шанси и имаа помалку среќа од триколорите.



The post (ВИДЕО) Коло Муани ја елиминира Белгија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK