јули 3, 2024

УЕФА покрена истрага за гестот што го направи англискиот играч Белингам откако постигна гол во 95. минута на натпреварот против Словачка во осминафиналето на Европското првенство, а потоа ја спушти раката до меѓуножјето.

Еден од најдобрите светски фудбалери поради ова би можел да биде суспендиран, пишуваат англиските медиуми, бидејќи го прекршил „основното правило за пристојно однесување“.

Иако подоцна сето тоа го опиша како внатрешна шега со блиските пријатели кои беа на натпреварот и рече дека нема ништо друго освен почит кон Словачка, Белингам може да се соочи со парична казна или суспензија од еден натпревар.

Тоа би бил четвртфиналниот натпревар од Европското првенство против Швајцарија, кој е закажан за в сабота на 6 јули.

Белингам ја започна својата кариера во Бирмингем, од каде Борусија Дортмунд го донесе во 2020 година за 30 милиони евра.

По три сезони во клубот од Дортмунд, Реал Мадрид плати повеќе од 100 милиони евра и со него потпиша договор на шест години.

Во првата сезона во мадридскиот клуб, со кој веднаш ги освои Лигата на шампионите и Ла Лига, забележа 42 настапи, 23 гола и 13 асистенции.

Во репрезентативниот дрес одигра вкупно 33 натпревари и постигна пет гола. На претходното европско речиси сите минути ги одигра против Србија (1:0), Данска (1:1), Словенија (0:0) и Словачка (2:1 по продолженијата). Со гол против Србија и донесе победа на Англија, а против Словачка ја спаси од испаѓање.

Неговата вредност се проценува на 180 милиони евра

The post Неговата вредност се проценува на 180 милиони евра appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK