– Во германското пристаниште Вилхелмсхавен во Северно Море денеска пристигна првата редовна пратка на течен природен гас (ЛНГ) од САД.
Испораката е дел од напорите на Германија да ги обезбеди потребните количини природен гас, што претходно ги набавуваше од Русија.
Танкерот „Марија енерџи“ се закотви во пристаништето Вилхелмсхавен, каде течноста повторно ќе се претвори во гас во специјален пловечки терминал што минатиот месец го отвори канцеларот Олаф Шолц.
Терминалот Вилхелмсхавен е еден од неколкуте такви што треба да и помогнат на земјата да го избегне недостигот на гас.
Сепак, екоактивистите се заканија со протести, тие инсистираат Германија да престане да увезува фосилни горива.
Следете не, не има насекаде