– Рускиот претседател Владимир Путин му наредил на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу да поднесе извештај за снабдувањето на руските воени единици со оружје, униформи, панцири, опрема за камуфлажа и други воени потреби во Украина, објавено е денеска веб-страницата на Кремљ.
Рокот за поднесување на извештајот е 1 февруари, јавија руските медиуми.
Во исто време, Путин му нареди на Министерството за здравство на чело со министерот Михаил Мурашко и Министерството за одбрана на Русија да ја разгледаат можноста за лекување и опоравување на ранети руски војници во цивилните болници.
Рокот за поднесување на тој извештај е 15 јануари.
Следете не, не има насекаде