Ние сме бугарски селани од Солунско. Не викаат помаци, зашто сме и помагале на турската армија во османлиско време. Ататурк е од нашето колено.
Со овие зборови ја дочекаа нашата екипа жителите на одринското село Азатл, пишуваше пред извесно време Кулов во smolyan.bgvesti.net. Тоа најбројното бугарско муслиманско село во Одринско. Од Бугарија се и се населиле во околините на Текирдаг и и на Лјулебургас во Европска Турција, дополнува авторот.
Ова меѓу другото го пишува он-лајн изданието на 24 часа во денешниот текст со наслов „Бугарин ли бил Ататурк“? Во текстот натаму се вели:
Истржувачот Христо Красин, пак, во својата книга „Има ли Турци во Бугарија“ тврди дека Мустафа Кемал е роден во село Себишча, во областа Голо Брдо, расположена меѓу денешна Албанија и Македонија. Во тоа село живеат само Бугари муслимани, а од нив единствено оџата на времето знаел малку турски. Според рускиот научник Афанасиј Селишев, во целата област дури немало ниту еден Турчин.
Таму се заљубиле левантот Али Реза и убавата Зубеиде. Името на убавицата е од староперсиско потекло и значи „Сакано цвеќе“. Тие биле имотни родители, охридски трговци, а во нивниот брак се родил Мустафа. Подоцна семејството се преселува во Солун. Има и верзија дека само Зубеиде е Бугарка муслиманка.
Бугарскиот разузнавач и дипломат Сребрен Поппетров пишува доверлив извештај бр.54 до министерот за надворешни работи за својата обиколка на областа Малесија на 14 август 1930 година, каде бил испратен во разузнавачка мисија. Тој известува дека во селото Себишча се сретнал и разговарал со роднини на Мустафа Кемал. Ниту еден од нив не знаел турски, иако се обидувал да им зборува на тој јазик. Тие разговарале на бугарски и му раскажале дека нивниот роднина Али Реза одлучил да се бави со трговија и оти таа најдобро ќе му тргне во Солун. Од локалниот оџа научил десетина турски зборови и со семејството се преселил таму. Му тргнало и почнал да работи во тамошната царина.
Самиот Ататурк е единствениот државник на Балканот, кој често ја истакнувал не само приврзаноста кон бугарскиот народ, туку и својата силна љубов кон него. Уште повеќе, тој признава дека во детството си играл само со Бугарчиња.
Но, зошто само со нив? Можеби затоа што наоколу немало други. Дали со зборовите цитирани во весникот „Утро“ од 22 октомври 1931 година не сакал да го потврди тоа? Еве ги:„Нема да ги заборавам пријатните моменти, што сум ги доживал во Бугарија. Сум бил, сум и секогаш ќе бидам пријател на бугарскиот народ. Уште од детството неизмерно го сакам бугарскиот народ. Во Солун цело време сум другарувал само со Бугари. Секоја бугарска трагедија ми предизвикува неизмерна болка. Секогаш сум правел се што сум можел за да и помогнам на Бугарија. Турција и Бугарија треба да бидат пријатели. Кој е против Бугарија, тој е против Турција“.
Сајтот на градот Првимај пред шест години пишуваше дека Бугари со исламска вероисповед и Турци алевити во Крџалиско го спорат Ататурк. Тогаш лидерите на двете заедници биле во спор околу тоа на која од нив и припаѓа Таткото на Турците. Првите се повикувале на напишаното во енциклопедијата на браќата Данчови, како и на неговата врзија повторена 70 години подоцна од писателот Петар Јапов во неговата книга „Помаците“.
Алевитите, пак, како аргумент го посочувале името на татко му-Али Риза. Според истражувачот на алевитската заедница Невена Граматикова, која и самата е од такво потекло возрасното население во областа било убедено дека Ататурк е следбеник на Али. Дури во текот на 30-тите години на 20 вк доста алевити се иселиле од Бугарија во Турција со мислата дека таа е управувана од нивни човек.
Интересни се сите аспекти на топлата врска на Мустафа Кемал со Бугарија. Тој е воен аташе веднаш по Балканската војна. Наспроти тоа, тој е опкружен со пријатели, како што самиот вели, чиниш се наоѓа меѓу роднини.
Мајорот Мустафа Кемал доаѓа во Софија на 28 октомври 1913 година. Паметниот и шармантен офицер станува близок пријател со низа познати Бугари. Меѓу нив е и д-р Васил Радославов, кој станува премиер. Со главниот командант на бугарската армија пред Првата свтска војна, Никола Жеков, често се на чашка аператив во „Копрившчица“. Мустафа не му е непријател на алкохолот. Впрочем, алевитите имаат некои ритуали околу честењето.
На трезните не им е близок ниту полковникот Жеков. По една, две, три лути анасонки тие ги разгледуваат сите аспекти на светот, што се менува, кои го брануваат и Балканот.
-Отворавме секакви прашања-религиозни, историски и политички. Јас во него гледав силна волја и просветлена личност, преплавена со скромност. Имаше јасна визија и власта му овозможи да ги оствари своите мечти. Неговите планови за нова, препородена и моќна Турција одамна го вознемируваа, многу порано пред да има можност да ги рализира, пишува во своите спомни генерал Жеков.
Еве и дел од тоа што Ататурк го вели за весникот „Џумхуриет“ од 27 ноември 1930 година, објавено и во томот на неговите говори:
-По Балканската војна, во функција на воен аташе заминав за Софија, кад останав околу една година. Со Бугарите успеав да воспоставам блиски односи и воспоставив врски како со членови на едно исто семејство. Тие врски оставија трајни спомени во моите сеќавања. Природно, како одговор на чувствата и приврзаноста, што ги стекнав кон нивниот народ, бугарските кругови ме прифатија со истата леснотија. Оттогаш, па до денес таа искрена братска блискост доби посебно значење. Нема сомнение дека меѓу Турците и Бугарите во минатото имало поводи за раздори, особено во областа на јазикот и на верата. Но, денес на тие поводи, кои почиваат на веќе изживеани и остарени политички текови, не верувам дека ниту Турците, ниту Бугарите им даваат некакво значење… Мојот совет кон вас е – Одете во Бугарија. Вие ќе ги сакат Бугарите.
Од таа гледна точка нема да биде случајно ако и големата љубов на Ататурк – Димитрина, исто така е Бугарка
The post Бугарите тврдат: Кемал Ататурк е Бугарин! appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде