септември 22, 2024

НБА објави нова листа во трката за наградата за најдобар играч.

По долго време Никола Јокиќ повторно е на прво место.

Јанис Адетокумбо се „лизна“ од првото место, што центарот на Денвер Нагетс го искористи со одлични партии во изминатиот период за повторно да се најде во водство.

https://t.co/wWGNmWoaNH’s updated MVP Ladder:

1. Nikola Jokic
2. Jayson Tatum
3. Luka Doncic
4. Kevin Durant
5. Giannis Antetokounmpo
6. Joel Embiid
7. Zion Williamson
8. Ja Morant
9. Jaylen Brown
10. Donovan Mitchell

— NBACentral (@TheNBACentral) December 30, 2022

Споменатиот Адетокумбо забележа најголем пад на оваа листа, кој од првото падна на петтото место.

На второто место сега е Џејсон Тејтум, кој беше протагонист на подобрувањето во формата на Бостон Селтикс, кои се вратија на победничките патеки.

Огромен скок забележа Лука Дончиќ кој од седмата поделена позиција скокна на третата, а нема сомнеж дека голема улога во тоа одигра генијалната игра каде неодамна забележа историски трипл дабл против Њујорк.

На четвртото место е Кевин Дурант, кој продолжи да игра на своето ниво, на петтото место е Џанис Адетокумбо, на шестото место е Џоел Ембиид, додека зад нив се Зион Вилијамсон, Џа Морант, Џејлен Браун и Донован Мичел.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK