октомври 5, 2024

Започнуваме со санација и реконструкција на сите 60 детски игралишта, со што овие простори ќе блеснат во нов сјај, а дечињата ќе добијат убаво уредени катчиња за безбедна игра и дружење вели новиот градоначалник на општина Аеродром Митески.

Санацијата ќе опфати замена или поправање на постојните подлоги, а исто така целосно ќе се заменат или ќе се поправат оштетените реквизити и заштитните огради. Општината неодамна изготви детален Извештај за состојбата со детските и спортските игралишта на територијата на Аеродром, а нивното обновување и реконструкција ќе се спроведат според утврден план и динамика.

Акцентот првично е ставен на детските игралишта затоа што сме фокусирани на најмладите и посветено работиме на создавање уште подобри и поквалитетни услови за нивни правилен раст и развој.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK