октомври 24, 2024

Кошаркарите на Грција ја совладаа Словенија со резултат 96:68 во полуфиналето на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Пиреја.

Веќе по воведните две и пол минути и серијата 9:0 со која Грција го отвори натпреварот, беше јасно дека Словенија тешко ќе стигне до финалето.

Словенците кратко се мачеа во првиот дел, но избраниците на Димитрис Итудис имаа 18 поени разлика пред почетокот на вториот период.

Грција шутираше многу подобро, играше поцврста одбрана и не му дозволи на Дончиќ да игра.

Втората и третата четвртина поминаа во изедначена битка, а Словенија никако не успеа да ја надмине разликата и да го направи натпреварот поинтересен.

Неизвесноста од втората и третата четвртина беше прекината на почетокот на последната четвртина, кога Грција дојде до недостижна предност со нова голема серија.

Најефикасен во победничкиот тим беше Томас Волкуп со 19 поени. Василејос Толиопулос додаде 17 поени, а Јанис Адетокумбо 13 поени.

Дончиќ ја предводеше Словенија со 21 поен, додека Џош Ниебо додаде 17.

Грција во финалето ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Хрватска и Доминиканската Република

 

The post Грција убедлива против Словенија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK