октомври 24, 2024

Алтернатива денеска одржува вонреден изборен конгрес, откако по изборот за претседател на Собранието, Африм Гаши поднесе оставка на челната позиција во партијата.

Една од точките на дневен ред беше изборот на нов претседател. За оваа функција беше избран Зекирија Ибрахими, поранешен пратеник во Собранието.

До неговиот избор вршител на должност претседател во Алтернатива беше Беким Сали.

Пратеникот којшто пееше албанска химна во Собранието на 27 април беше токму Зеќирија Ибрахими од партијата Беса, а денес претседател на Алтернатива. Ибрахими беше дел од собранискиот состав 2016 – 2020 година. Токму пеењето на албанската химна ги испровоцира во дел настаните од 27 април.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK