Белград и Приштина, Ричард Гренел, ги повика САД да прекинат секаква помош за Приштина доколку Албин Курти веднаш не го ослободи уапсениот Србин и оцени дека Европејците само ја влошуваат кризата на Балканот со еднострани интервенции.
<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>
Гренел на Твитер, реагирајќи на изјавата на шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, напиша дека дијалогот што го води ЕУ е неуспешен.
„Од економска нормализација преминавме во хаос затоа што не ја следите навистина ситуацијата. Не успеавте да го повикате Курти на одговорност за изминатата година. Тој отфрли сè што понудивте вие и САД“, напиша Гренел.
Тој побара Курти да го ослободи уапсениот Србин, но и во исто време да се отворат сите премини и да се отстранат сите барикади.
„И ако Курти не го стори тоа веднаш, тогаш САД треба да прекинат секаква помош. Не треба да поддржуваме некој што создава терор“, рече Гренел.
Гренел ги повика Европејците „да го сменат курсот во нивната стратегија Косово-Србија“.
„Тие не ја помагаат балканската криза – тие ја влошуваат со своите еднострани и непостојани интервенции“, додаде американскиот дипломат.
Во исто време, тој повика итно да се ослободи поранешниот косовски претседател Хашим Тачи од Хаг.
Извор: МИА