октомври 24, 2024

Општина Центар дава целосна поддршка на петицијата потпишана од жителите што живеат во непосредна близина на клубот Интермецо и останатите локали лоцирани на „Народен фронт”. Станарите бараат ефективна интервениција на МВР и Државниот пазарен инспекторат и останатите институции за да им се реши проблемот со гласната музика, нарушениот ред и мир, дивеењето и отежнатиот сообраќај на делот од улицата каде се наоѓаат угостителските објеки.

„Ние, како општина, ги презедовме сите правни механизми што ни се достапни! Не помогнаа ни глобите ни казните. Овој проблем треба да се реши долгорочно а за тоа е потребна е координација и притисоци од страна на сите надлежни институции”, вели Герасимовски.

Гром удри во авион, објавено е морничаво видео: Драма на лондонскиот аеродром, авионот принудно слета (ВИДЕО)
Меџити: Балансерот не се укинува, туку се унапредува во закон!
TAЖНО! Ни се случува катастрофа: За 5 години згаснале 45 училишта во Македонија
Интермецо на удар, поплаки од сите страни за гласна музика и хаос во вечерните сати
3 работи поради кои ќе станете негова кралица: Нема ни да погледне други жени
Македонија каска зад Украина, Србија и Црна гора по прашање на енергетска транзиција
МОЌНИОТ австриски „Новоматик“ застанува зад Вардар – утре официјална потврда
Локализиран голем пожар во Прилепско
Колку вода треба да пиете на ден за да изгубите тежина?

Општина Центар петицијата ја проследи до МВР, Министерството за економија и труд, Министерство за животна средина и просторно планирање, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина, и побара да се одржи итна средба за решавање на проблемот на засегнатите станари.

Инспекциската служба на општината и натаму ќе продолжи со санкционирање на сите угостителски објекти кои не го почитуваат законот, но за долготраен успех потребна е соработка на сите надлежни институции.

Општина Центар постојано добива поплаки од граѓаните за гласна музика и непочитување на работното време на посочениот објект, по што во неколку наврати досега има изречено казни за бучава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK