октомври 24, 2024

Ќе ја поминете групата, но ќе бидете елиминирани во четвртфинале – вака, со фудбалски речник ја опиша енергетската слика на Македонија во однос на земјите во Европа, првиот човек на Секретаријатот на Европската енергетска заедница Артур Лорковски.

Македонија каска зад Украина, Србија и Црна гора по прашање на енергетска транзиција

Презентирајќи го извештајот за ланската година, тој ја смести земјава во средината, со 53 отсто усогласено законодавство со ЕУ, но зад Украина, Србија и Црна Гора, кои имаат подобра енергетска слика. Првиот европски енергетичар бара земјава да го забрза процесот на енергетската транзиција. Македонија ќе добие право на извоз на струја во ЕУ на 1 јануари 2026-тата, но со сегашното производство на јаглен, поради високите даноци, тоа нема да биде исплатливо.

Гром удри во авион, објавено е морничаво видео: Драма на лондонскиот аеродром, авионот принудно слета (ВИДЕО)
Меџити: Балансерот не се укинува, туку се унапредува во закон!
TAЖНО! Ни се случува катастрофа: За 5 години згаснале 45 училишта во Македонија
Интермецо на удар, поплаки од сите страни за гласна музика и хаос во вечерните сати
3 работи поради кои ќе станете негова кралица: Нема ни да погледне други жени
Македонија каска зад Украина, Србија и Црна гора по прашање на енергетска транзиција
МОЌНИОТ австриски „Новоматик“ застанува зад Вардар – утре официјална потврда
Локализиран голем пожар во Прилепско
Колку вода треба да пиете на ден за да изгубите тежина?
Марин Ле Пен: Нашата победа е само одложена
Море исфрли еден тон кокаин на брегот на Германија

Фалејќи ја работата на Регулаторната комисија и нејзиниот претседател Бислимоски, Лорковски побара надлежните да продолжи со носењето на Законите за електрична енергија и обвновливи извори на енергија, чија работа запре поради изборите во земјава. Откако дојдовме на власт, енергетиката ни е приоритет, се пофали претседателот на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и пратеник на ВМРО ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

За извезената струја да стане конкурентна во Европа, земјава треба да го напушти производството на јаглен. Планот е РЕК Битола да стане гасна, а РЕК Осломеј да се претвори во фотонапонска централа. Пред две недели Владата промовираше странска инвестиција во ветерен парк со капацитет од 400 мегават часови, што е повеќе од половина од производството на најголемиот капацитет во земјава РЕК Битола или 20 проценти од потребите на земјава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK