октомври 8, 2024

Синоќа во 22 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода В.О.(48) од село Тимјаник, неготинско, по претходна пријава од неговата 41-годишна сопруга дека во семејниот дом, по меѓусебна вербална расправија, физички ја нападнал. В.О. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

За ова денеска информираа од СВР Велес.

Синоќа во во 19.20 часот во ОВР Кавадарци росоманецот В.Г.(38) пријавил дека на улица „Партизанска“ во Росоман бил физички нападнат од машко лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– Вчера во 07.55 часот во ОВР Кавадарци, К.Н.(56) од село Крушевица, росоманско, пријавил дека во неговата штала во село Крушевица настанал пожар, при што биле опожарени бали детелина и слама и 10 грла добиток. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица Кавадарци, а повредени лица нема. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, информираа од СВР Велес.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK