октомври 9, 2024

На прес конференцијата по натпреварот против Холге Руне, Новак Ѓоковиќ одговори и на две прашања на известувачот на „Топспорт“ од Вимблдон.

Запрашан како гледа на фактот што во Лондон може во секоја спортска продавница да се купи дрес и од третокласен фудбалер од Премиер лигата, а капичка со иницијалите од неговото име и презиме не може да се најде никаде во метрополата и дали е задоволен како спонзорите го следеле сите овие години додека ги постигнувал резултатите кои го прават најдобар тенисер на светот и еден од најдобрите спортисти на сите времиња, Ѓоковиќ одговори:
– Во последните неколку години имам незадоволство и фрустрација што многу луѓе кои ги бараат моите работи немаат можност да ги најдат во продавниците на моите спонзори. Некои нешта сега се менуваат на подобро, но јас и понатака не сум задоволен бидејќи сè може да биде и подобро. Се надевам дека спонзорите ќе го подигнат постојното ниво на производство и квантитет, но и достапност за луѓето да имаат можност да ги најдат. Нивото на тенис на кое што јас играм е многу популарно во целиот свет. Секако, моите призводи можат да се купат онлајн, но поинаку е кога луѓето одат во продавница“.

На прашањето на „Топспорт“, дека неговиот татко Срѓан уште во 2020 година, за еден македонски неделник изјавил дека наскоро во Кнез Михајлова требало да се отвори музеј на Новак Ѓоковиќ и зошто музејот сè уште не постои, српскиот тениски ас кажа:
„Што се однесува до музејот, тоа, сепак, е само идеја. За Кнез Михаилова, искрено дознав од она што го слушнав од татко ми. Но, повеќе не се работи да се најде локација таму. Постои идеја да се изгради музеј каде што ќе ги изложам трофеите и работите што ги носев на некои важни натпревари. Меѓутоа, не само тоа; се надевам дека ќе можеме да имаме спортски музеј, не ние како семејство, туку државата Србија, Сојузот, Олимпискиот комитет. Не би вперил прст кон никого, туку едноставно колективно мислам дека Србија имала толку многу успеси во спортот и тој спорт навистина ја задолжил Србија. Едноставно ми е несфатливо што сè уште немаме спортски музеј, па секој турист или странец што ќе дојде во Белград или Србија тој музеј треба да го стави во топ 10-те дестинации што мора да ги посети. Се надевам дека и државата ќе направи нешто, бидејќи спортот навистина го заслужува тоа“, заклучи Ноле.
Инаку, од 2017 година главен спонзор на Новак Ѓоковиќ е францускиот спортски моден бренд Ла Коста. Договорот е важен до 2025.

Од Вимблдон,
Ненад Живановски

The post Ѓоковиќ за „Топспорт“: Не сум задоволен од мојот спонзор и тоа ме фрустрира appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK