октомври 10, 2024

Меѓу првите одлуки кои ги донесе новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ во новиот мандат беше одлуката за враќање на железната ограда пред Влада, што беше поставена од нивниот претходник Никола Груевски, а отстранета од владата на СДСМ.

Оградата беше експресно пронајдена и веднаш запозна постапката за враќање на нејзиното место, па поради тоа 24Инфо направи анкета во која ги прашавме граѓаните што мислат за ваквата одлука, дали ја оправдуваат или не.

Според оние граѓани кои ги анкетиравме, мислењата се поделени. Едни ја поддржуваат одлуката бидејќи како што велат зградата многу поубаво изгледа така, споредувајќи ги голите столбови со гробишта, додека пак други велат дека истата не е потребна бидејќи македонскиот народ е мирен народ и нема потреба Владата да се оградува и заштитува, додека некои дури ја споредија и со зоолошка градина. Исто така имаше и граѓани кои сметаат дека има многу поважни работи на кои треба да се работи и да се зборува.

Целата анкета можете да ја погледнете во продолжение:

Н.Ј.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK