октомври 11, 2024

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ (42) одговори на незгодно прашање за време на интервју и се најде на насловната страница на голем број медиуми.

 

 

 

 

Имено, новинарот го прашал фудбалерот: „Што е подобро – постигување голови или секс?“, на што Ибрахимовиќ одговорил: „Сексот е подобар. Секој што мисли поинаку има проблеми во спалната соба“.

 

Ибрахимовиќ додал дека интимноста не треба да се занемарува со годините и дека се труди што повеќе да ја задоволи својата поубава половина. Најважно е, рече тој, отворен разговор за сè. Многумина беа изненадени што фудбалерот одговори на ова прашање бидејќи вообичаено го држи приватниот живот подалеку од јавноста.

 

Да потсетиме, срцето на славниот фудбалер го украде шведската актерка Хелена Сегер (53), со која е во врска повеќе од 20 години и со која има два сина, Максимилијан (17) и Винсент (16).

 

„Ја запросив и таа ми рече: ‘Не’. Тоа беше пред неколку години. Ѝ реков: ‘После 20 години, заслужуваш да бидеш во брак со мене’. Таа рече: ‘Не, не треба да бидам мажена за тебе за да бидам со тебе’. Таа е силна, многу силна“, раскажа Ибрахимовиќ во една прилика.

 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK