октомври 11, 2024

На преносот не можеше да се види хаосот што се случи по полуфиналето на ЕП меѓу Шпанија и Франција (2:1), а тоа може да влијае и на самото финале.

Обезбедувањето никогаш не било полошо на голем турнир, па и овој пат еден од навивачите успеа да им побегне на редарите.

Маките на Германија со организацијата продолжија, а „најдебелиот крај го извлече“ Алваро Мората, капитенот на Шпанија.

Навивачот трчаше низ теренот, ги избегна редарите и даде се од себе за да направи историско селфи со милениците на Шпанија.

Yellow card for that challenge, surely? Referee?pic.twitter.com/EOMNCXKiSl

— Football España (@footballespana_) July 9, 2024

И додека редарите се обидувале да го фатат, еден од нив погрешно проценил кој е всушност тој што побегнал.

Наместо навивач, тој се лизна во Алваро Мората, кој заврши на земја. После тоа беше очигледно дека чувствува болка и последици од тој старт.

Шпанија сега ќе треба да ја следи состојбата на Мората за да утврди дали ќе може да игра во финалето во Берлин за пет дена.

The post (Видео) Невиден хаос по завршувањето на полуфиналето на ЕУРО 2024: навивач влета на терен, редарот го повреди капитенот на Шпанија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK