октомври 13, 2024

Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за храна и ветеринарство спречија шверц на 63 јагниња, кои требало да се извезат во Албанија, а биле одгледувани близу Прилеп.
Во координирана акција, возилото со кое се транспортирале јагнињата е стопирано од полициски службеници во Струга и по спроведена контрола од инспектори на АХВ е утврдено дека станува збор за 63 јагниња кои не се идентификувани согласно Законот за идентификација и регистрација на животните, а транспортерот не поседувал и сертификати за здравствена состојба на животните. Согласно дадената изјава на транспортерот, животните се со потекло од населено место во Прилеп, наведува АХВ.

Согласно одредбите од Законот за инспекциски надзор, јагнињата се одземени од лицето кое ги транспортирало и се предадени на Агенцијата за управување со одземен имот. Против транспортерот ќе биде поднесена прекршочна санкција за движење на неидентификувани животни без документи за движење.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK