октомври 24, 2024

  Американската компанија „Вабтек“ е новата странска инвестиција која ќе вложи 35 милиони евра во земјава и со која ќе се отворат 100 работни места. Компанијата ќе инвестира во производство на сопирачки за шински возила.
Името на новата инвестиција го објави премиерот Христијан Мицкоски кој во Вашингтон имал средба со извршниот потпретседател на компанијата.
– По инвестицијата од 500 милиони долари на Алказар Енерџи во ветерен парк која е најголема во регионот и инвестицијата на германско белгиската компанија Епсотех Аим во Петровец од 20 милиони евра, американски Вабтек ќе инвестира во Македонија. Компанијата Вабтек е дел од петстоте најголеми компании во САД. Остварив средба со извршниот потпретседател на компанијата во Вашингтон каде што беше потврдена динамиката на реализација на новата инвестиција. Повеќе од 100 нови вработувања, инвестиција вредна 35 милиони евра. Ќе се инвестира во производство на сопирачки за шински возила. Поголем извоз за подобра иднина, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK