октомври 25, 2024

Полицаецот Игор Марков денеска не беше во судница да ја слушне ослободителната пресуда која му ја изрече кривичниот суд. Марков е ослободен од обвинение за кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“ затоа што од неговиот службен пиштол испукал куршум во близина на Гевгелија во обид да спречи илегални мигранти да ја преминат границата а од него загина 23-годишната мигрантка од Сиера Леоне Фатмата Камара.
Абу Бакар, сопруг на загинатата Фатмата Камара од Сиера Леоне
Сопругот на Фатмата, Абу Бакар, во судница со солзи ја дочека ослободителната пресуда за полицаецот Марков. Судијата Ненад Савески пред да ја прочита ослободителната пресуда на која обвинителството има рок од 15 дена да се жали, направи осврт на постапката. Судската постапка траеше повеќе од шест месеци, беа изведени докази од Обвинителството и одбраната, вербални и материјални докази.

-Од сите докази кои судот ги ценеше и поединечно и сите заедно, судот неспорно утврди дека во овој кривично-правен настан било извршено испалување од два пиштоли. Тоа е неспорно утврдено од вештачењата. Од нив произлегува дека Игор Марков со десната рака го употребил службениот пиштол, а другиот бил употребен од полицискиот службеник Мите Јаневски кој беше сведок во постапката. Но, куршумот од пиштолот на Јаневски бил испален за заплашување на кривично дело криумчарење на мигранти, рече судијата.

Тој рече дека обвинетиот полицаец Игор Марков кој е ослободен од обвинението, со десната рака испалил службен пиштол а куршумот ја погодил Фатмата Камара од Сиера Леоне на 23-годишна возраст и тоа смртоносно.
Слободен Печат

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK