октомври 25, 2024

Британскиот крал Чарлс Трети и честиташе на фудбалската репрезентација на Англија за пласманот во финалето на Европското првенство и ги повика играчите да триумфираат без „драматични голови и пенали во последните минути“.

Фудбалерите на Англија ја победија Холандија со 2:1 во полуфиналниот натпревар.

„Мојата сопруга, јас и целото наше семејство ви испраќаме најсрдечни честитки за пласманот во финалето на Европското првенство. Ве повикувам да победите пред да има потреба од чудесен гол во последната минута или уште една драма од пенал-рулетот – тогаш, сигурен сум, значително ќе падне притисокот и пулсот на целата земја, со среќа на Англија“, напиша Чарлс Трети, на официјалната страница на британското кралско семејство .

Гордиот Албион в недела на 14 јули ќе го игра финалето против Шпанија на Олимпискиот стадион во Берлин.

The post Кралот Чарлс им честиташе на фудбалерите, и порача: „Обезбедете победа без драматични пенали“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK