октомври 25, 2024

Две третини од Американците сакаат американскиот претседател Џо Бајден да се повлече од изборната трка, покажува најновата анкета на Еј-Би-Си-Њуз, Вашингтон Пост и Ипсос.

Анкетата е направена во време кога е зголемен политичкиот притисок врз Бајден по неговиот несигурен настап во ТВ дебата на 27 јуни со републиканскиот противкандидат Доналд Трамп.

Времето на објавување на анкетата би можело да биде значајно бидејќи во текот на денот е планирано демократите во Сенатот да одржат средба со претставници на кампањата на Бајден, откако сенаторот Питер Велч, највисокиот демократ, го повика Бајден да се повлече од трката, наведува неделникот „Њусвик“.

Анкетата, меѓудругото, покажува дека американската потпретседателка Камала Харис би имала добри шанси да го замени Бајден како претседателски кандидат, бидејќи нејзините резултати покажуваат дека 49 отсто од гласачите ја поддржуваат, додека 46 отсто го поддржуваат Трамп.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK