октомври 25, 2024

Актерот Метју Меконахи на својот Инстаграм сподели фотографија со многу отечено око и ги загрижи обожаватели.

Имено, актерот го искасала пчела, што предизвикало силна реакција во окото кое било отечено и речиси целосно затворено.

Оваа несреќа многумина ја поврзаа со новиот филм што го снима Метју. Иако многу малку се знае за филмот, снимката од сетот го покажува Меконахи со неколку кутии мед. Затоа постојат шпекулации дека убодот од пчела се случил за време на снимањето на филмот, пренесува The Mirror.

Фотографијата на Инстаграм има над 400 илјади лајкови, а многу фанови во коментар ја изразија својата загриженост.

„Што е ова, дали си добро?“, „Те молам внимавај“, „Ау, што ти е со окото?“, се дел од коментарите.

Многумина се пошегуваа со него во коментарите: „Треба да видите како изгледа другиот лик“, „Кога животот ќе ти даде пчела, правиш мед“, напишале неговите следбеници.

Во коментарите се огласија и поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, манекенката Синди Крафорд и бројни други ѕвезди.

The post Метју Меконахи ги загрижи своите обожаватели со нова фотографија: „Ау, што ти е со окото?“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK