октомври 25, 2024

Чест ми е што денеска мои гости беа Амбасадорот на Република Словенија Н. Е. Грегор Прескер и Почесниот словенечки конзул со седиште во Охрид, Шенол Ислам.

На работната средба со амбасадорот Прескер ги разгледавме можностите за поддршка на проекти од областа на екологијата, животната средина и водоснабдувањето од страна на Словенечката влада.

Разговаравме за можноста за воведување на директни авионски линии Охрид – Љубљана особено во летниот период од годината, со цел да се зголеми бројот на туристи во двете земји.

Исто така го информирав високиот гостин за актуелните проекти и дел од идните планови на Општина Охрид во повеќе области од општественото живеење.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK